• петок, 22 ноември 2024

Никола Кутаноски го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга

Никола Кутаноски го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга
Струга, 19 јануари 2022 (МИА) – Никола Кутаноски од Струга беше најсреќниот меѓу многубројните верници што скокнаа и го извади Светиот крст од осветените водите на реката Црн Дрим. Триесет и пет годишниот тренер по пливање и триатлон ноќеска сонувал дека шета со светиот крст и дел од собраните средства ги донира за изградба на црквата кај Женска плажа. Токму тоа била и причината што по 10- ти пат скокнал по крстот во студениот Дрим. - Дестти пат скокам по крстот. Секоја година од исто место и иста страна. Прв пат го фаќам. Чуството е неописливо. Ноќеска сонував дека годинава што ќе шетам со крстот и дел од собраните пари ги донирам за изградба на црквата кај Женска плажа. Со таа цел дојдов и со таа цел скокав, изјави Кутаноски. Црквата, годинашните кумови браќата Тoмче и Стефчо Голабоски и голем број верници го даруваа со пригодни подроци. сс/цр

Остани поврзан