• вторник, 05 ноември 2024

Ники Минаж е бремена

Ники Минаж е бремена
Лос Анџелес, 21 јули 2020 (МИА) - Познатата американска раперка Ники Минаж објави на Инстаграм дека е бремена со своето прво дете. Сѐ тоа проследено со фотографија од нејзиниот труднички стомак. Во описот на првата слика стои само - „Бремена". На друга објава пак, таа напиша: „Љубов. Брак. Бременост. Преплавена со возбуда и благодарност. Ви благодарам на сите за убавите желби". Минаж лани се омажи со за Кенет Пети. Тие биле заедно како тинејџери, а 2018 година повторно се споија.  си/јт/

Остани поврзан