• петок, 13 март 2026

Десетици убиени во џихадистички напад врз седум села во северна Нигерија

Десетици убиени во џихадистички напад врз седум села во северна Нигерија

Абуџа, 19 февруари 2026 (МИА) - Џихадистите од групата „Лакурава“ убија десетици луѓе откога нападнаа седум села во државата Кеби во северозападна Нигерија, соопшти полицијата.

„За жал, десетици луѓе беа убиени откога жителите на селата Мамуну, Авасака, Тунган Цохо, Макангара, Канзо, Горун Најдал и Дан Маи Аго се мобилизираа за да им се спротивстават на напаѓачите“, изјави Башир Усман, портпарол на полицијата во државата Кеби.

Според извештај на безбедносните служби, убиени се 30 цивили. рп/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан