• четврток, 19 декември 2024

Нехамер: Путин ме увери дека снабдувањето на Австрија со руски гас е безбедно

Нехамер: Путин ме увери дека снабдувањето на Австрија со руски гас е безбедно
Москва, 14 април 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер при средбата оваа недела дека снабдувањето со гас на Австрија од Русија е сигурно и дека државата и натаму може да плаќа во евра, пренесува агенцијата АПА.
„Путин рече дека снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ја испорача количината утврдена со договорот и дека исплатата може да остане во евра“, рече Нехамер во интервјуто за националната новинска агенција АПА.
Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во близина на Москва и досега не зборуваше јавно за безбедноста на снабдувањето со гас на Австрија.
Австрија добива 80 отсто од природниот гас од Русија и се противи на тоа Европската унија веднаш да и воведе ембарго за гас, тврдејќи дека тоа сега не е можно. паг/
   

Остани поврзан