• среда, 04 декември 2024

Непозната болест усмрти 143 луѓе во ДР Конго, соопштија локалните власти

Непозната болест усмрти 143 луѓе во ДР Конго, соопштија локалните власти

Киншаса, 3 декември 2024 (МИА) - Непозната болест во ноември предизвика смрт кај 143 лица во југозападната Демократска Република Конго, изјавија локалните власти за британските медиуми.

-Заразените имале симптоми слични на грип, вклучувајќи висока температура и силна главоболка, изјавија заменик-гувернерот на провинцијата Квангџу, Рами Саки, и министерот за здравство и Аполинер Јумба.

Медицински тим е испратен во погодената област за да собере примероци и да спроведе анализа за да се идентификува болеста.

-Ситуацијата е крајно загрижувачка бидејќи бројот на заразени лица продолжува да расте, изјави локалниот лидер Кефориен Манзанза, пренесен од британските медиуми. Тој додаде дека се работи за рурална средина, поради што има проблеми со испораката на лекови.

Саки и Јумба изјавија дека болните умираат во своите домови поради недостиг на соодветно лекување.

Локален епидемиолог изјави дека од оваа болест најмногу се погодени жените и децата.

Претставник на Светската здравствена организација денеска изјави дека пред една недела биле предупредени за заразата и дека заедно со Министерството за јавно здравје на ДР Конго работат за да ја истражат болеста.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан