• петок, 22 ноември 2024

Нема зголемен број заболени ученици и наставници, матурата ќе се спроведува според протокол од Комисијата

Нема зголемен број заболени ученици и наставници, матурата ќе се спроведува според протокол од Комисијата
Скопје, 17 март 2021 (МИА) - Во најголем дел од државата немаме зголемен број  заболени наставници и ученици за да се преземат одредени мерки, изјави денеска претседателот на Комисија за заразни болести Жарко Караџовски. -Во државата има околу 40 илјади ученици кои се опфатени во фазата на едукација. Во моментов знаете дека функционира со физичко присуство од прво до трето одделение.Во најголем дел од државата немаме зголемен број  заболени наставници, учители и ученици, што би било сигнификантен број за да се преземат одредени мерки за намалување на опцијата дека треба да се едуцираат со физичко присустсво, рече Караџовски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање. Како што посочи, според последните информации, во скопското училиште „Владо Тасевски“ има неколку професори и ученици кои се инфицирани, и тоа, како што додаде, го очекуваат, но тоа не е таква бројка за да може да се запре наставата во сите училишта во државата. -Апсолутно ја следиме состојбата во државата, имаме непосреден контакт со Министерството за образование и наука, со Министерството за здравство и ако дојде некој допис до Комисијата за заразни болести ние тогаш реагираме во делот на проверка на тие факти. Но, тоа не е сигнификант број за сите основни училишта во државата за да се запре процесот на едукација, рече тој. Во однос на полагање матурски испит за календарската 2020/21 година, Караџовски рече дека во Комисијата за заразни болести е доставен допис за организација на матурата. -Тој допис е разгледан, со протоколот кој ние го направивме, го дадовме нашето мислење до Министерството за образование и наука ако треба и на кој начин, користејќи ги кои средства и мерки да се организира и полагањето на државна матура во оваа календарска година, рече Караџовски.бт/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан