• сабота, 16 ноември 2024

Неколку совети за побистар ум

Неколку совети за побистар ум
Лос Анџелес, 22 октомври 2021 (МИА) - Одржувањето на умот бистар и сосредоточен е од витално значење за секој од нас. Мозокот сака предизвици. Според „Квизклаб“, овие седум совети може да му помогнат на Вашиот умот да ги одржи и прошири своите способности. 1. Забавувајте се со сложувалки! Главната придобивка од сложувалка е вежбањето на левата и десната страна на мозокот одеднаш. Тоа е умствена вежба којашто ги подобрува вештините за решавање проблеми. Уште повеќе, ги зајакнува врските меѓу мозочните клетки и на тој начин го подобрува краткорочното паметење.
  1. Сосредоточете се на една задача, па на друга
Поставувањето повеќе задачи одеднаш - не е добро учење. Го намалува вниманието, концентрацијата и краткотрајното помнење. На крајот на краиштата, неопходно е да бидете таму каде што сте во мигот, за да се постигнат најдобри резултати. Повеќето обврски во истовреме, ги спречува луѓето во успех. Сосредоточувањето обврските една по една ја обновува бистрината и вниманието.
  1. Научете нови вештини
Учењето нови вештини помага да се зајакнат врските во мозокот. Тоа може да бидат различни работи, како што се танцување, нов странски јазик... Така, не губете време и - напред!
  1. Вежбајте редовно!
Физичката активност ги стимулира хемиските промени во мозокот коишто го подобруваат учењето, расположението, размислувањето и интелигенцијата. Никој не знае точно која вежба е најдобра, па така, може да изберете каква вежба сакате. Не заборавајте дека и активностите во домаќинството се корисни - интензивното бришење под, собирање лисја во дворот или што било, што ќе Ве испоти малку.
  1. Одморете се добро!
Ако работите напорно, мора да научите да се опуштите и „да ги наполните батериите“. Ако не - ќе страдате од исцрпеност. Таквата состојба може да предизвика сериозни проблеми со физичкото и психичкото здравје. Вистинско опуштање значи смирување и вистинско уживање во времето без каква било „продуктивност“, барем некое време...
  1. Обидете се и со медитација
Медитацијата ја зголемува интелигенцијата на многу начини. Докажано е дека тоа ги синхронизира двете мозочни хемисфери. Кога логичниот лев дел од мозокот и креативниот десен дел работат во хармонија, решавањето проблеми станува лесно, креативноста се множи, длабокото размислување станува вообичаеност, а сосредоточеноста се зголемува.
  1. Запишете ги вашите мисли!
Пишувањето е активност за зајакнување на мозокот која „Ве принудува“ да ангажирате повеќе различни делови од умот. Вашата редовна активност за пишување може да има речиси секаков облик - започнете „да ги овековекувате“ Вашите спомени или - создадете збирка поезија. Секојдневното пишување му помага на мозокот да остане зафатен.  си/

Остани поврзан