• петок, 05 декември 2025

Неизвесен е настапот на Мициќ на Евробаскетот

Неизвесен е настапот на Мициќ на Евробаскетот

Лимасол, 10.август 2025 (МИА) - Кошаркарите на Србија одигруваат контролни натпервари пред почетокот на Евробаскетот, но во составот го нема Василије Мициќ. Неговиот настап на Европското првенство е неизвесен.

Тој ги пропушти двата дуела во Лимасол против Грција и Кипар поради повреда.

- Очекувам Мициќ да биде подготвен за Минхен и натпреварите што треба да ги играме таму. Утре ќе има тестирање и ќе видиме што ќе кажат лекарите. Тој работеше сам, но сосема по различно е кога тренираш сам и кога работиш со екипата, изјави селекторот на Србија Светислав Пешиќ. 

Србија на денешниот дуел го совлада Кипар со 122:55 што е историски највисока победа.    мн/

Фото: МИА

Остани поврзан