• петок, 22 ноември 2024

Владо Мисајловски - министер за одбрана

Владо Мисајловски - министер за одбрана

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Владо Мисајловски е роден на 21.01.1985, Скопје, Македонија. Тој  дипломирал на Факултетот за општествени науки, Скопје, Македонија каде се здобил со звање дипломиран политиколог за меѓународна политика и дипломатија, а магистрирал на областа Европска меѓународна политика и дипломатија на истиот факултет. 

Од компјутерски вештини познава MC office. Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично.   

Во периодот од 2009 до 2010 година тој е Советник за надворешна политика и меѓународни односи во кабинетот на претседателот на Собрание на Република Македонија, а од 2010 до 2011 година е раководител на  одделение за поддршка на градоначалникот во Општина Центар.

Мисајловски од 2012 до 2014 година е државен секретар во Министерство за надворешни работи, а во 2014 државен секретар во Министерство за транспорт и врски.  Од 2014 до 2015 година, Мисајловски е директор на јавното претпријатие за државни патишта, а од 2015 до 2017 година е министер за транспорт и врски.

Тој во периодот од 2018 до 2020 година бил комерцијален директор Кендо 3 Дооел, Скопје, а од 2020 до 2024 година пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.  сст/дма/

фото: МИА архива

 



 

 

 


 

 

 


 

 

 

 

 

 

 


 

 


 

 

 


 

 


 

 

 

Остани поврзан