На 4 311 млекопроизводител исплатени 277,9 милиони денари премија
- Вредноста на премијата изнесува пет денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и шест денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Скопје, 30 декември 2023 (МИА) - На вкупно 4 311 млекопроизводител им се исплатени 277,9 милиони денари премија за произведено и предадено млеко за октомври – декември 2022 и јануари – април 2023 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Вредноста на премијата изнесува пет денари за литар произведено и предадено кравјо млеко и шест денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.
-Ова е досега најголемата исплата реализирана кон сточарите во еден ден. Како министерство остануваме посветени на секој еден земјоделец, наведува МЗШВ. мч/дма/
фото: МЗШВ