На 112 години, почина највозрасниот Французин
- Теобалд, кој бил рибар, е роден на 17 април 1909 година.
Париз, 6 октомври 2021 (МИА) - Жил Теобалд, највозрасниот Французин почина денеска на 112-годишна возраст, во својот дом во Фор-де-Франс на островот Мартиник. Тажната вест ја објави неговото семејство.
Теобалд, кој бил рибар, е роден на 17 април 1909 година.
Последното интервју го имаше во 2019 година, кога раскажа за неговата младост, работа и детство. Прашан за возраста, тој на шега рече - „Ако некој ме праша, би можел да живеам и 200 години“. си/