• петок, 22 ноември 2024

На „Чист понеделник“ во Струмица подготвени 350 килограми посен грав, поделени 4.000 порции

На „Чист понеделник“ во Струмица подготвени 350 килограми посен грав, поделени 4.000 порции
Струмица, 7 март 2022 (МИА) - На „Чист понеделник“, кој се одбележува во рамки на карневалските празнувања, се подготвија 350 килограми бел посен грав во големиот казан, поставен на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица и се поделија 4.000 порции на граѓаните. Според Бранко Младенов, сопственик на ресторанот, кој го подготвува гравот, оваа традиција се враќа во Струмица по две години пауза заради пандемијата. -Оваа количина е поголема во споредба со изминатите години и се надевам дека што повеќе граѓани ќе го вкусат нашиот грав на денот кога започнуваат Велигденските пости, рече Младенов. Пред делењето, гравот беше благословен од свештеници од Струмичката епархија. Оваа традиција има долги корени во Струмица и низ чаршијата и во домовите на струмичани се подготвува бел посен грав. рт/цр

Остани поврзан