• недела, 22 декември 2024

На фудбалски терен во Албанија почина 28-годишниот фудбалер Двамена  

На фудбалски терен во Албанија почина 28-годишниот фудбалер Двамена  

Тирана, 11 ноември 2023 (МИА) - Напаѓачот Рафаел Двамена (28) почина од срцев удар во текот на натпреварот од 13. коло од првенството на Албанија, меѓу Игнација и Партизани.

Напаѓачот од Гана колабирал во 24. минута откако доживеа срцев удар, објавија албанските медиуми. 

Лекарите се обиделе да го реанимираат на теренот, но не успеале да му го спасат животот. Двамена оваа сезона постигна девет гола во албанскиот шампионат и беше нејзин најдобар стрелец.

Тој беше повремен репрезентативец на Гана со осум настапи и два гола.

Албанските медиуми јавуваат дека Двамена, кој играше за тимот Игнција од албанскиот град Рогожина,  претходно имал проблеми со срцето. Поради трагедијата одложени се сите натпревари од оваа рунда во албанскиот шампионат.

Сочувство до семејството на Двамана, меѓу другите  изрази претседателот Бајрам Бегај, претседателот на албанската фудбалска федерација. вт/ссм/

Остани поврзан