• четврток, 09 мај 2024

На Табановце се чека околу 30 минути

На Табановце се чека околу 30 минути

Скопје, 9 август 2023 (МИА) - На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.вј/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан