На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата
- На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Скопје, 22 април 2025 (МИА) - На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.лв/
фото:МИА архива