На „Табановце“ за влез во земјава се чека околу 40 минути, а на „Богородица“ за излез околу 30 минути
- Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ за влез во земјава се чека околу 40 минути, а на ГП „Богородица“ за излез се чека околу 3

Скопје, 22 јули 2022 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На ГП „Табановце“ за влез во земјава се чека околу 40 минути, а на ГП „Богородица“ за излез се чека околу 30 минути.
Како што информираат од Автомотосојузот на Македонија, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. сст/сп/