• недела, 22 декември 2024

На специјалната платформа за справување со врсничко насилство во Грција, за помалку од една седмица поднесена 41 пријава

На специјалната платформа за справување со врсничко насилство во Грција, за помалку од една седмица поднесена 41 пријава

Атина, 15 април 2024 (МИА) - Веќе имаме регистрирана 41 пријава за училишно и врсничко насилство на платформата која минатиот вторник започна да функционира. Од пријавите осум се од ученици, а 33 од родители, откри министерот за образование на Грција Киријакос Пјеракакис, во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Минатата седмица, грчката Влада ја промовираше националната стратегија и кампањата за справување со врсничкото насилство во училиштата, како и специјалната платформа „Stop bullying“ преку која родителите и учениците може да пријавуваат насилство, но и да се информираат.

Надлежниот министер денеска истакна дека за првпат откако започна дискусијата за конкретниот проблем имаат опипливи докази на кои можат да се потпрат за да го заштитат секое дете.

-Заедно со сите други држави бараме да видиме и да разбереме зошто во периодот по Ковид, се толку многу зголемени случаите на насилство меѓу младите, особено на училиште. Истражувањата ни покажуваат дека додека бројот на случаи се намалува, нивниот интензитет значително се зголемил. Карактеристично е што од 2019 година случаите на млади на возраст од 13-17 години кои се соочуваат со кривични пријави се повеќе од двојно зголемени, истакна Пјеракакис. ср/рп/

Остани поврзан