На преминот Богородица се излегува и влегува на пет ленти, се чека околу еден час
- На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час, информираа за МИА денеска од МВР.
Струмица, 2 август 2024 (МИА) - На преминот Богородица се отворени пет ленти за излез од државата и пет ленти за влез во државата. Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, се разбира со спроведување на задолжителните гранични проверки. За излез од државата се чека околу еден час, информираа за МИА денеска од МВР.
Како што соопштија од Министерството, на граничниот премин Богородица во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 4.470 македонски државјани, а излегле 2.442 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани влез во нашата држава оствариле 689, а 5.988 ја напуштиле нашата држава.
На граничниот премин Табановце се отворени пет ленти за влез во државата. Во периодот од 10:00 часот вчера до 10:00 часот денеска влегле 2.743 македонски државјани а излегле 2.246 македонски државјани. Во нашата држава преку овој граничен премин влегле и 2.515 странски државјани, а 3.866 ја напуштиле државата.рт/
Фото: Принтскрин ЈП за државни патишта