• недела, 22 декември 2024

На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени

На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени

Баку, 14 ноември 2024 (МИА) - На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година за да се изборат со последиците од климатските промени, покажува студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG.

Резултатите од студијата, која беше претставена во Баку на самитот КОП29 (COP29), сугерираат дека не треба да се чека до 2035 година, кога се очекува богатите земји да се согласат да ги распределат овие средства, пренесува Гардијан.

Економистот Николас Стерн, еден од авторите на студијата, вели дека трошоците ќе се зголемат доколку побогатите земји не сакаат да платат, па оваа бројка може да се искачи на 1,3 трилиони долари годишно до 2035 година.

Според него, „апсолутно е можно“ да се постигне целта од трилион долари годишно до 2030 година, но тоа бара богатите земји да бидат навистина посветени на тоа и брзо да реагираат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан