• понеделник, 23 декември 2024

На подрачјето на СВР Велес трети ден во опаѓање бројот на лица во самоизолација

На подрачјето на СВР Велес трети ден во опаѓање бројот на лица во самоизолација

Велес, 3 април 2020 (МИА) - Бројот на лица во самоизолација на подрачјето на СВР Велес денеска е намален на 95, од кои 41 лице е во Велес, 45 во Кавадрци и деветмина во Неготино.

Вчера во самоизолација на подрачјето на СВР Велес беа 127, завчера 185, а пред три дена 353 лица во трите града.

За време на полицискиот час синоќа, на подрачјето на СВР Велес само едно лице не го почитувало полицискиот час, и тоа е од Велес, а од Кавадарци и Неготино немало прекршители на полицискиот час.

Пред неколку дена во Основниот суд во Велес за непочитување на полицискиот час од 21 до 5 наутро согласно одлуката на Владата, со глоба од по 800 евра казни четири лица, од кои двајца од Велес и двајца од селото Уланци од Општина Градско. ад/бт/

Остани поврзан