• вторник, 24 декември 2024

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

На Клиниката за ортопедија извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - На Клиниката за ортопедија е извршена трансплантација на ахилова тетива од банката на ткива од починати донори. Интервенцијата е извршена кај 47-годишна пациентка, со стара повреда на ахилова тетива, соопшти Министерството за здравство.

Пациентката, како што се наведува во соопштението, е со уреден постоперативен тек, а трансплантацијата е извшена под водство на д-р Ерен Сејфула, заедно со д-р Александар Савевски и д-р Бојан Будиќ, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, во соработка со д-р Милена Богоевска, болнички координатор за ортопедија и одговорна за ткивна банка.

Од Министерството за здравство изразуваат благодарност до сите здравствени работници вклучени во оваа трансплантација, како и до семејствата на донорите. дма/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан