• петок, 22 ноември 2024

На ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа мастер клас со Питер Бижу

На ИФФК „Браќа Манаки“ се одржа мастер клас со Питер Бижу

Битола, 26 септември 2023 (МИА) - Кинематограферот и оскаровец Питер Бижу, годинешен добитник на Златна камера 300 за животно дело, одржа мастер клас во Битола.

Пред аудиториумот од домашни и странски филмофили, Бижу говореше за легендарните филмови „Мисисипи гори“, „Трумановото шоу“, „Во името на таткото“, „Штета“, „Пинк Флојд: Sидот“, „Животот на Брајан“, „Временски бандит“, „Ричард III“ и редица други антологиски филмски остварувања.

-Прекрасно беше кога добив оскар за филмот  „Мисисипи гори“ бидејќи не го очекував воопшто. Всушност не ни знаев дека е филмот номиниран, тоа беше огромно изненадување за мене кога ми соопштија. Добив оскар во Америка, а сум од Обединетото Кралство. За „Мисисипи гори“, работев со тројцата сниматели и претходно, па веќе се познававме. Многу е добро ако се познавате со режисерот и со снимателите, тогаш полесно соработувате. Едноставно е. Тоа е заедничко нешто, истакна Бижу. 

Како што е познато, Бижу работел со бројни звучни режисерски имиња од светот на филмот како Алан Паркер, со кого се закитија со Оскар во 1988. за драмата „Мисисипи гори“ со актерскиот тандем Џин Хекман и Вилем Дефо, а со Џим Шеридан, Питер Вир и Луј Мал ги снимија антологиските филмови „Во името на таткото“ со Дениел Деј Луис, „Трумановото шоу“ со Џим Кери и „Штета“ со Џереми Ајронс и Жилиет Бинош. мт/дма/

Фото: ИФФК „Браќа Манаки“

Остани поврзан