• сабота, 22 февруари 2025

На ИФФК „Браќа Манаки“: Мастер клас со Михал Димек, кинематографер од Полска

На ИФФК „Браќа Манаки“: Мастер клас со Михал Димек, кинематографер од Полска

Битола, 23 август 2022 (МИА) - Михал Димак е кинематографер кој дипломирал на прочуената филмска школа во Лоѓ, Полска, а на 43. ИФФК „Браќа Манаки“ учествува во главната натпреварувачка програма со необичната филмска сторија за едно магаре, насловена по неговото име „ЕО“.

Иако релативно млад, Димек зад себе веќе има дваесеттина наслови, некои од нив наградувани, а соработувал и со славниот полски режисер со светска кариера, Јежи Сколимовски.

На мастер клас во Битола Димек говореше за почетоците на неговата карера, по завршување на филмската школа во Лоѓ, која од крајот на Втората светска војна до денес важи за една од најценетите во Европа.

Филмот „ЕО“ на Јержи Сколимовски во кој Димек е зад камерата, биле потрошени тони моркови и јаболка за го „подмитуваат“  магарето ЕО на снимањето, но тоа беше доволно за уште еден прекрасен продукт на полската кинематографија и ремек дело на Јержи Сколимовски, беше посочено на мастер клас во Битола.

мавме две магариња со кои снимавме бидејќи заради нивната тврдоглавост моравме да применуваме трикови затоа што тоа сепак се животни и не може да изразуваат чувства или да направат одредена работа, појасни Димек, засмејувајќи го аудориумот на фестивалот во Битола. мт/дма/

Остани поврзан