• понеделник, 08 јули 2024

На дел од крстосниците во Куманово не работи вертикалната сигнализација, Општината најави решавање на проблемите

На дел од крстосниците во Куманово не работи вертикалната сигнализација, Општината најави решавање на проблемите
Куманово, 15 јуни 2022 (МИА) - Кумановци се жалат дека дел од семафорите во градот повеќе не работат, отколку што се во функција. Надлежните од секторот за комунални дејности денеска информираа дека постојано се вложува во обновата на вертикалната сигнализација и дека ќе се надмине проблемот. Граѓаните се загрижени заради честите дефекти на семафорите во Куманово, особено на булеварот „Октомвриска револуција“. Последнава недела вертикалната сигнализација на крстосницата кај реонскиот пазар повеќе не работи, отколку што е во функција. Граѓаните апелираат што поскоро да се реши проблемот заради безбедноста во градот. Општина Куманово објави јавен оглас за избор на компанија за одржување на вертикалната сигнализација кон крајот на мај, годинава. Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набавки, заинтересираните компании треба да достават општи документи. Меѓу нив и документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Избраната компанија во рок од два месеци ќе треба да ги замени дотраените, искршените сообраќајни знаци и семафори на подрачјето на Куманово Кумановци велат дека несовесни возачи постојано ги уништуваат семафорите низ градот и дека се чувствуваат небезбедно, бидејќи со голема брзина се вози и на сообраќајниците каде што има семафори и онаму каде што недостасува вертикална сигнализација. Од локалната самоуправа информираат дека постојано вложуваат средства за замена на уништените семафори. ам/бт/

Остани поврзан