• петок, 22 ноември 2024

На Деве Баир запленети 300 парчиња филери во вредност од 9000 евра

На Деве Баир запленети 300 парчиња филери во вредност од 9000 евра

Скопје, 11 август 2023 (МИА) - На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра.

-Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да пријави освен личен багаж. При рутинската контрола извршена од страна на царинските службеници во патничкиот куфер и позади задните седишта беа откриени 300 парчиња филери за лице, во најголем дел за усни, чија вредност согласно фактурата која е пронајдена во возилото изнесува 9000 евра, информираат денеска од Царинската управа.

Стоката и возилото се привремено задржани, а против  лицето е поднесена соодветна кривична пријава за криумчарење. дма/са/

 

Фото: Царинска управа

Остани поврзан