• петок, 13 септември 2024

На ГП Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути

На ГП Табановце за излез од државата се чека околу 40 минути

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира декасообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. цр/дма/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан