• четврток, 14 ноември 2024

На Галапагос откриен бел пингвин

На Галапагос откриен бел пингвин
Мексико Сити, 29 ноември 2020 (МИА) - Националниот парк на  Галапагос соопшти дека на архипелагот откриен е целосно бел пингвин. Белиот пингвин првпат бил забележан на Изабела, најголемиот остров на архипелагот Галапагос. Експертите оценуваат дека пингвинот може да има генетско нарушување леукизам односно делумен недостиг на пигмент на боја што предизвикува светло крзно или пердуви кај животните кои имаат потемна боја. За разлика од албинизмот, животните кои имаат леукизам имаат нормална боја на очи. Ајкули, гуштери и јастози со леукизам веќе се откриени на Галапагос, но првпат е забележан таков пингвин. ми/

Остани поврзан