• понеделник, 04 ноември 2024

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила, утрово времето на чекање на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан