• петок, 22 ноември 2024

На барање на Јужна Кореја и САД Вишиот суд во Подгорица го продолжи притворот на До Квон за уште два месеци

На барање на Јужна Кореја и САД Вишиот суд во Подгорица го продолжи притворот на До Квон за уште два месеци

Подгорица, 12 декември 2023 (МИА) - Вонсудскиот совет на Вишиот суд во Подгорица му го продолжи притворот на јужнокорејскиот државјанин До Квон за уште два месеци, поради опасност од бегство, соопшти денеска советничката за односи со јавноста на судот , Марија Раковиќ.

Таа за подгоричкиот весник „ Вијести“ изјави дека одлуката е донесена на барање на Јужна Кореја и САД - земјите кои ја бараат екстрадицијата на До Квон, јужнокорејскиот крал на криптовалутите.

Вишиот суд во Подгорица на крајот на ноември донесе одлука во екстрадициската постапка против обвинетиот јужнокорејски државјанин До Квон, со која се утврди дека се исполнети законските услови за негова екстрадиција, по барање на Министерството за правда на Република на Кореја и на барање на Министерството за надворешни работи на САД.

Одлуката во која земја ќе биде екстрадиран До Квон ќе донесе црногорскиот министер за правда Андреј Миловиќ.

На почетокот на оваа година, До Квон и негов соработник беа уапсени во Црна Гора поради поседување фалсификувани документи. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан