• петок, 22 ноември 2024

Најчести пози за спиење - секоја си има предности и недостатоци

Најчести пози за спиење - секоја си има предности и недостатоци
Лос Анџелес, 21 март 2022 (МИА) - Колку и да сме уморни, барањето на позицијата во којашто е најудобно да се спие, понекогаш бара многу долго време. На крајот, заспиваме во вообичаената омилена положба, но дали тоа е најдобро за човекот и здравјето? Следат четирите најчести пози во кои спијат повеќето луѓе, од коишто секоја си има свои предности и недостатоци... Поза фетус Ова е својствено за жените. Според стручњакот од Австралија - Елина Винел, таа е најлоша. Винел тврди дека телото во оваа положба, е во грч цела ноќ. - Ако по навика спиеме во оваа поза, му сигнализираме на нашиот нервен систем дека сме „во бегство, се бориме и не сме сигурни“, истакнува експертот, посочувајќи дека е подобро да се изберете положба на телото каде што ќе се отворат белите дробови, заради подлабоко дишење. Спиење настрана Без разлика дали е на левата или на десната страна, оваа положба на телото е опишана како една од подобрите, а особено се препорачува и перница како странична потпора. Гледајќи од структурно, невролошко или мускулно гледиште, оваа положба е многу добра. Исто така, и за вашите дишни патишта, но и за варењето. Особено ако лежите на левата страна, сметаат докторите. Спиење на стомак Оваа положба, се наведува, е најлоша. Врши притисок врз главата, вратот и мускулите на вилицата, ги оптоварува зглобовите, го оштетува долниот дел на грбот и карлицата, а прилично лошо влијае и врз дишниот систем. Спиење на грб Познавачите се согласуваат дека оваа положба е најздрава за човековото тело. Иако оваа поза на многумина не им прилега, среќници се оние кои се навикнати да спијат на грб. Се препорачува вратот, главата и горниот дел од градите да бидат малку подигнати во оваа положба. Тоа овозможува најдобар одмор за рамената и грбот, коишто се најнапнати во текот на денот, а помага и за правилен проток на киселините во системот за варење.  си/

Остани поврзан