• понеделник, 13 април 2026

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени

Скопје, 13 април 2026 (МИА) - Утрово најстудено беше во Маврови Анови каде беа измерени три степени. На Попова Шапка 4, Крива Паланка 5, Берово 6, Лазарополе, Kрушево 7, Скопје-Петровец, Кавадарци 8, Охрид, Куманово, Прилеп, Виница, Струмица 9, Претор, Тетово, Битола 10 Велес, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија 11, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има и снежна покривка од 25 см.

Времето денеска сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степен. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан