• четврток, 04 декември 2025

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија

Скопје, 14 октомври 2025 (МИА) - Најниска температура до 8:30 часот утринава е измерена на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Нула степени се измерени во Берово, 3 во Лазарополе, 4 во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево, 5 во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Претор и Штип, 7 во Крива Паланка, Битола, Охрид и Велес, 8 во Виница и Кавадарци и 9 степени во Тетово и Куманово.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан