• недела, 12 мај 2024

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана

Најмалку 80 делфини најдени угинати на брегот на Гана

Акра, 6 април 2021 (МИА) - Најмалку 80 делфини и поголем број риби се најдени угинати на неколку плажи близу главниот град на Гана - Акра, од петокот досега. Властите почнаа истрага.

Официјалните лица ги предупредија граѓаните да не ги јадат пронајдените делфини и риби, бидејќи сè уште не е позната причината за нивната смрт. Министерството за риболов соопшти дека се земени примероци од рибите и од водата за анализа. Одборот за риболов соопшти дека биле пронајдени меѓу 80 и 100 угинати делфини. Во февруари, исто така, беа пронајдени 111 мртви делфини на брегот на Мозамбик. Првичната истрага покажа дека е можно и други да бидат заробени поради ниската плима по циклонот „Гуамба“.  си/сд/

Остани поврзан