• петок, 15 ноември 2024

Најмалку 23 лица убиени во напад на село во Мали

Најмалку 23 лица убиени во напад на село во Мали

Бамако, 20 август 2023 (МИА) - Вооружени напаѓачи убиле најмалку 23 лица, а раниле 12 во напад на село во регионот Бандиагара во централниот дел на Мали, соопштија денеска локалните власти.

Гувернерот на регионот, Сиди Мохамед Ел Беќир, денеска соопшти дека неидентификувани мажи убиле десетици луѓе и запалиле неколку куќи во селото Јаро во петокот.

„Напаѓачите останаа во селото до 19 часот. Запалија дел од селото и го однесоа добитокот на селаните“, изјави претседателот на регионалната младинска организација Амаду Луге.

Заедниците низ централниот и северниот дел на Мали се погодени од долготраен вооружен конфликт од 2012 година. Екстремистите беа успешно протерани од северните градови, со помош на воена операција предводена од Франција. Сепак, тие се прегрупираа во пустината и почнаа да ја напаѓаат војската на Мали и нејзините сојузници. ссм/

фото: архива

Остани поврзан