Најмалку 20 луѓе загинаа во свлечишта во Танзанија
- Најмалку 20 луѓе загинаа, меѓу кои и едно бебе, во јужна Танзанија откако регионот беше погоден од обилни дождови
Додома, 27 март 2026 (МИА) – Најмалку 20 луѓе загинаа, меѓу кои и едно бебе, во јужна Танзанија откако регионот беше погоден од обилни дождови.
Метеоролозите предвидуваат обилни дождови и следните денови, а населението е предупредено да се евакуира поради евентуални свлечишта.
Во соседна Кенија, овој месец загинаа најмалку 88 луѓе во поплавите, а во јужниот дел на Етиопија во свлечишта загинаа најмалку 80 лица. ми/сд/
фото: МИА архива