• вторник, 24 декември 2024

Најмалку 12 повредени откако автобус со српски таблички се преврте на автопат во Бугарија

Најмалку 12 повредени откако автобус со српски таблички се преврте на автопат во Бугарија
  Софија, 14 август 2022 (МИА) – Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што нема загинати, соопшти бугарската поиција Според првичните информации, во несреќата со српскиот автобус на автопат во Бугарија, повредени се четворица возрасни и осум деца. Тоа го изјави заменик-главен секретар на МВР на Бугарија, Станимир Станев. Двајца се во тешка состојба – еден возрасен и едно дете, другите се со различни повреди. Меѓу повредените е и возачот на автобусот. Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар. Сите повредени се упатени кон болницата во Стара Загора. По наредба на главниот обвинител Иван Гешев, екипа истражители од Националната истражна служба се упати кон местото на сообраќајната несреќа кај Стара Загора. Ова го соопштија од обвинителството. зш/

Остани поврзан