• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку седум жртви при обилни дождови во индиската држава Гуџарат

Најмалку седум жртви при обилни дождови во индиската држава Гуџарат
Гандинагар, 12 јули 2022 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа, додека обилните дождови продолжуваат да ја погодуваат западната индиска држава Гуџарат, јави Би-би-си. Одделот за временска прогноза соопшти дека се очекува невремето да трае и во наредните неколку дена. Околу 9.000 луѓе се префрлени на безбедни порадчја. Транспортните услуги се во прекин во неколку области. На повеќе делови од државата врнеше необично многу дожд, уште од неделата. Министерот за внатрешни работи на Индија, Амит Шах информираше за тимови на државни и национални сили за одговор при катастрофи се распоредени на различни места во Гуџарат. бд/

Остани поврзан