• вторник, 05 ноември 2024

Најмалку петмина мигранти се удавија во близина на Тунис

Најмалку петмина мигранти се удавија во близина на Тунис

Тунис, 7 јануари 2023 (МИА) – Најмалку пет мигранти од Африка загинаа, а уште 10 се водат како исчезнати откако мал брод вчера потона во близина на Тунис во обид да го премине Средоземното Море и да стигне до Италија, соопштија денеска туниските власти.

По бродоломот туниската крајбрежната стража спасила 20 мигранти кои биле на претоварениот брод, што потона во близина на пристаништето Луата во областа Сфакс.

Пристаништето Луата од неодамна е главна појдовна точка за луѓето кои бегаат од сиромаштијата во Африка и во Блискиот Исток.

Во изминатите месеци стотици луѓе се удавија во близина на брегот на Тунис во обид да стигнат до Европа. ми/

Остани поврзан