• понеделник, 23 декември 2024

Најдоцна до 1 јуни поднесување барања за користење јавни површини во Струга

Најдоцна до 1 јуни поднесување барања за користење јавни површини во Струга
Струга, 4 мај 2022 (МИА) – Корисниците на јавни површини во Општина Струга за 2022 година, барање за нивно користење треба да достават најдоцна до 1 јуни годинава. Со барањето, како што информира општинската прес-служба физичките лица треба да достават уверение за платени даноци од општина, уверение од Управата за јавни приходи и место на престојување за оние кои не се од Струга. Правните лица, пак, освен барање, треба да достават решение од Централен регистар за вршење дејност, решенија за исполнување минимално хигиено-технички услови за вршење дејност од министерствата за економија, за здравство и за труд и социјална политика, уверенија за платени даночни обврски од Општина Струга, јавните претпријатија „Комунално“ и „Водовод и канализација“. - Во спротивно ќе се преземаат казнени мерки, а согласно Законот за градба, член 135-а, алинија 5, надлежниот орган нема да издаде одобрение – решение за поставување урбана опрема во период најмалку од шест месеци, стои во информацијата. сс/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан