• петок, 22 ноември 2024

Највообразените и најнепријатните личности на американската сцена

Највообразените и најнепријатните личности на американската сцена
Лос Анџелес, 3 август 2021 (МИА) - Некои познати личности се многу љубезни и не се однесуваат како да се нешто посебно, но затоа има други, се чини - вообразаени, кои не се обидуваат ни најмалку да обрнат внимание на нивното однесување. Некој на Редит праша - кои се најнепристојните славни личности на кои луѓето наишле? Следат некои од одговорите... 1. За Гвинет Палтроу - „Работев во камп со нејзините деца осум недели. Бевме платени по пет долари од час. Родителите обично ни оставаа по сто долари на крајот, па дури и повеќе, а таа не остави ништо зад себе". 2. За Опра - „Опра не ми остави бакшиш по ручекот од 200 долари. Наместо тоа, таа ми ја потпиша салфетката и се однесуваше како да ми прави услуга. Најлошо од сѐ е, кога таа дојде, ми го затворија целиот дел од ресторанот, за таа да не мора да чека. Заработив четири долари од час за привилегијата да ѝ служам на Опра, која се однесуваше како којзнае што да ми дала, а не го ни сакав автограмот". 3. Раперот Џа Рул - „Работев како обезбедување на снимањето на емисија на Ем-Ти-Ви во која беа Џа Рул и некои други луѓе - околу реновирање на куќичка за спасители, со многу тесни скали. Асистентот му донесе вода, но тоа беше „погрешната“ вода, и кога човекот се сврте по „вистинската“ вода, Џа Рул го турна по скалите“. 4. Чеви Чејс - „Кога имав девет години, го сретнав Чеви Чејс во фоајето на еден хотел. Бидејќи ги обожавав неговите филмови, го замолив за автограм. Почна да ми вика, а кога дојде татко ми, тој почна нему да му вика. Тој човек е вистински кретен“. 5. Вилијам Шетнер - „Имав 10 години кога го сретнав Вилијам Шетнер на Хаваи. Го замолив за автограм, а тој ми рече 'чекај да земам пенкало.' Потоа влезе во својата лимузина и си замина". 6. За Ники Минаж - „Работев со Ники Минаж на снимање на видеоспот. Ни рекоа дека не треба да ја гледаме в лице. Таа, исто така, секогаш бараше сите да ја напуштат собата за да може да влезе. Тоа беше цела една церемонија". 7. Џим Белуши - „Кога бев дете, чекав со другарите Џим Белуши да излезе од снимање за да ни даде автограм. Тој тогаш буквално ни рече дека сме еден куп г**на, глупави деца и - ’да од**беме’". 8. Хју Грант - „Запознав многу познати личности кога работев за една авиокомпанија. Во една прилика Хју Грант седеше во првата класа, на самиот почеток на авионот, а стандардната процедура е стјуардот лично да го поздрави секој патник од прва класа и да му се претстави. Разговорот се одвиваше вака: ’Здраво, г-не Грант, моето име е...‘, Хју: ‘Е** се’!" 9. За Алек Болдвин - „Имав шест години кога ги сретнав Алек и неговата сопруга додека ги шетаа кучињата. Сакав да ги погалам кучињата, а тие брзо ги одвлекоа до мене и почнаа да ми викаат. Имав шест е**ни години". 10. За Џин Симонс - „Мојот брат го запозна Џин зад сцената при негов танц. Џин го пофали неговото играње, но потоа му рече 'срамота е што никогаш нема да успееш', се сврте и си замина". си/сд/

Остани поврзан