• понеделник, 23 декември 2024

Највисокото советодавно тело во Кина ја поддржа одлуката за унапредување на изборниот систем во Хонг Конг

Највисокото советодавно тело во Кина ја поддржа одлуката за унапредување на изборниот систем во Хонг Конг
Пекинг, 10 март 2021 (МИА) - Четвртата седница на Националниот комитет на Секинескиот народен политички консултативен совет, кој е највисокото советодавно тело во Кина, денеска ја одржа последната седница, на која ја поддржа одлуката за подобрување на изборниот систем во Хонг Конг, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).
На седницата присуствуваа 2.100 членови, кои го слушнаа и разгледаа извештајот за работата на Постојаниот комитет на Секинескиот народен политички консултативен совет, како и нацрт 14. Петгодишен план за национална економија и социјален развој и долгорочни цели до 2035 година.
Тие исто така изразија силна поддршка за одлуката на Секинескиот народен конгрес за подобрување на изборниот систем во Специјалниот административен регион во Хонг Конг. паг/
 

Остани поврзан