• недела, 22 декември 2024

Архиви на невидливите 3.0 - промоција на зборник научни трудови и тркалезна маса по повод 80 години АФЖ во Македонија

Архиви на невидливите 3.0 - промоција на зборник научни трудови и тркалезна маса по повод 80 години АФЖ во Македонија

Скопје, 14 декември 2024 (МИА) – Во организација на Центарот за истражување на национализмот и културата ЦИНИК, денеска, во Музејот на Македонија ќе се одржи промоција на втор зборник научни текстови, чиј главен истражувачки фокус е првото женско списание „Македонка“. 

Како што соопштиваат од ЦИНИК, зборникот со наслов „Македонка - Орган на АФЖ (1944-1952), артикулации на сеќавања и критички прикази“ нуди специфични и продлабочени наоди за периодот додека се печател овој весник.

Автори на текстовите се: Ана Колариќ, Петар Тодоров, Ана Ашталковска Гајтаноска, Славчо Димитров, Христина Иваноска и Елени Новаковска. Уредничка на публикацијата е Јана Коцевска. Промоторка е Ана Василева. Изданието ќе биде бесплатно дистрибуирано за присутните на промоцијата.

Во недела, пак, на 15 декември со почеток од 13 часот ќе се одржи Тркалезна маса конципирана од страна на програмскиот одбор составен од Ивана Хаџиевска, Андријана Папиќ и Јана Коцевска, на тема „АФЖ: Недовршена револуција - сеќавање на минатото, замислување на иднината“. 

Организаторите велат настанот се надоврзува на практиките за одбележување на јубилеите на АФЖ низ дискурсот на претставници од релевантните институции и научната јавност, кои кулминирале во 1970те години, за по 1990те години да исчезне од јавноста. 

– Тркалезната маса има за цел да собере експерт(к)и, со искуство од областа на женската историја, односно феминистичкиот активизам, кои низ отворена дискусија ќе ги артикулираат прашањата поврзани со политиките на сеќавање/заборав, третманот на антифашистичките идеи и историски искуства во современиот контекст, женската историја во јавниот простор и значењата на комплексното наследство на АФЖ, стои во соопштението. ра/нд/

Фото: ЦИНИК

 

 

Остани поврзан