• петок, 05 декември 2025

Најавен протест на Торцида во Сплит

Најавен протест на Торцида во Сплит

Сплит, 8 ноември 2025 (МИА) – Во Сплит за денеска е закажан протест на навивачката група Торцида поради апсењето на маскирани мажи кои упаднаа на Деновите на српската култура во областа Блатине.

Градоначалникот на ХДЗ, Томислав Шута, ѝ даде дозвола на Торцида да го користи пристаништето, а министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ рече дека протестот не треба да се регистрира, иако законот поинаку наведува.

Синоќа, група од 50 до 100 маскирани мажи се собра пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што почнаа Деновите на српската култура со изложба за Дејан Медаковиќ. Тие пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и „Зови, само зови“, а полицијата ги провери нивните лични карти и ги следеше по околните улици.

Градоначалникот на Загреб Томислав Томашевиќ остро го осуди собирот, велејќи дека „вечерва во Загреб се славеше НДХ“. јт/

Фото: Торцида

Остани поврзан