• петок, 22 ноември 2024

Најавени нови епизоди од „Принцот од Бел-Ер“

Најавени нови епизоди од „Принцот од Бел-Ер“
Лос Анџелес, 9 септември 2020 (МИА) - Стрим платформата Пикок најави нови епизоди од хумористичната серија „Принцот од Бел-Ер“ (Fresh Prince of Bel-Air). За почеток, се договорени две сезони. Се работи за преработка, а не за продолжение на оригиналната серија којашто се прикажуваше во периодот 1990 - 1996 година. Во оригиналната серија Вил Смит ја играше главната улога. Сега тој ќе биде продуцент. Проектот е во фаза на снимање. си/

Остани поврзан