Министерката Јаневска на увид на реконструкцијата на ОУ „Тошо Велков – Пепето“ во општина Кавадарци
- Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во активностите за реконструкција на основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ во општина Кавадарци.

Скопје, 21 август 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе изврши увид во активностите за реконструкција на основното училиште „Тошо Велков – Пепето“ во општина Кавадарци.
Како што информираат од МОН, станува збор за инвестиција на Министерството во вредност од 9 милиони денари за замена на кровната конструкција на училишниот објект. сст/са/
фото МИА архива