Ќе се разгледуваат претставки од граѓани на седница на Судскиот совет
- Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 534-та седница на која ќе се разгледаат прашања поврзани со престанок на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Скопје, 24 декември 2025 (МИА) – Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 534-та седница на која ќе се разгледаат прашања поврзани со престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност.
Ќе бидат разгледани повеќе претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.
Дневниот ред опфаќа и расправа по Пресудата на Управниот суд У‑5 бр. 380/2025, како и по Известувања за утврдена фактичка состојба.
Советот ќе формира и комисии на известители по поднесените барања за поведување постапка за утврдување одговорност на судија или претседател на суд, по што следува точката разно. ар/бак/