• петок, 05 декември 2025

Јавна презентација во Јуроп хаус Скопје на Еразмус+ проектот „Патеки до креативни кариери“

Јавна презентација во Јуроп хаус Скопје на Еразмус+ проектот „Патеки до креативни кариери“

Скопје, 4 јуни 2025 (МИА) – Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ од Скопје, денеска во „Europe House“ Скопје, ќе одржи јавна презентација на европскиот проект „Pathways to Creative Careers / Патеки до креативни кариери (P2CC)“.

Како што информираат од Здружението, презентацијата ќе понуди увид во целите, методологијата и досегашните резултати на проектот на Еразмус+, фокусиран на развој на менторски практики во визуелните уметности, музиката и изведувачките уметности, со акцент на работа со млади креативци.

– Проектот гради одржлива мрежа на едукатори, ментори и културни работници низ Европа, поттикнувајќи нови модели на менторство, колективна продукција и учење преку практика. Во проектот учествуваат организации од Шведска (Folkuniversitetet Umeå – координатор), Италија, Шпанија, Хрватска и Македонија. Локалниот партнер и организатор на настанот е Здружението за современа уметност и кураторкси практики „Проектен простор Прес ту егзит" од Скопје, во соработка со КСП Центар – Јадро и други независни културни чинители, стои во соопштението. ра/нд/

Фото: Еразмус+

 

Остани поврзан