• четврток, 25 декември 2025

Научна трибина „Состојбите со загадувањето на животната средина во Македонија“

Научна трибина „Состојбите со загадувањето на животната средина во Македонија“

Скопје, 18 декември 2025 (МИА) - Во организација на Македонското еколошко друштво денеска во Кинотека ќе се одржи научна трибина „Состојбите со загадувањето на животната средина во Македонија“.

На трибината предавања ќе одржат Сузана Андонова од Министерството за животна средина и просторно планирање на тема „Перзистентни органски загадувачи (POPs)“, професорите Трајче Стафилов и Марина Стефова од Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и професорот Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ.

Ќе биде проектиран краток документарен филм за чистењето на линданот од ОХИС. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан