Форум за културна дипломатија во Скопје
- Во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска ќе се одржи третиот Форум за културна дипломатија, во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов.
Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска ќе се одржи третиот Форум за културна дипломатија, во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов. Темата на овогодишниот форум е „Одржлив развој и културна дипломатија – поттикнување глобални партнерства“.
На свеченото отворање, како што информираат од МНРиНТ, ќе се обрати мнистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Форумот ќе ги обедини експерти од областа на културната дипломатија, одржливиот развој и меѓународните односи, со цел унапредување на глобалната соработка и истакнување на културата како клучен елемент во градењето мостови меѓу народите. дма/са/
Фото: МИА архива