• петок, 08 ноември 2024

Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“

Фестивал на биодиверзитет во „Јавна соба“

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Четврто издание на Фестивалот на биодиверзитет ќе се одржи денеска во „Јавна соба“ во организација на „Слоу фуд Водно“ и со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и We Effect.

Насловен е  „Нагости се, не бери гајле. Ајде на здравје, у Скопје“ и ќе може да се посети од  10 до 17 часот. Како што најави организаторот, настанот е замислен како неформално дружење и можност да се купи нешто домашно, автентично и вкусно.

-Во центарот на вниманието ќе биде деликатесот што го има само во Скопје: омилената симит погача, што многумина ја нарекуваат „тесто во тесто“, симбол на градот, на мултикултура и врв на вкусна едноставност. Фестивалот е и можност да се дознаат многу работи за локалните производители од сите конвивиуми на „Слоу фуд Македонија“: разни вкусови, благо, солено, луто, гастрономски деликатеси во тегли - ајвар, пинџур, џем, слатко..., се природно, со вкусови што враќаат во детство, потоа - традиционалните козји, кравји и секакви сирења, сувомесни производи сушени на дрва.. Оние што не го запознале вкусот на тартуфи, ова е можност да се вљубат во некој од производите на оваа печурка, соопшти „Слоу фуд Водно“.

На фестивалот ќе има и презентации: пивски и вински, дегустации на ракија и ликери. Предвидени се и два мастеркласа - во 12 часот ќе се одржи работилница за тестенини и во 13 часот - работилница за занаетчиско пиво. хс/нд/

Фото: Слоу фуд Водно

Остани поврзан